Актерот Џони Деп (57) важи за еден од најголемите заводници, но она што можеби поголемиот број од неговите обожавателки не го знаат е дека холивудскиот актер обожава да си игра со барбики.
Играта со барбики му помагала да се спрема за големи улоги.
-Мојата ќерка и јас доста си игравме со барбики. Знаев да тестирам ликови играјќи се со барбики, открил актерот пред неколку години.
Неговата 21-годишна ќерка денес веќе не игра со барбики, па го замолила и него да престане.
-Еден ден само ми рече: „Тато, биди нормална барбика, престани со тие разни гласови. Тогаш и престанав да си играм со неа, рекол тој.
Деп признал дека во својот дом крие цела колекција со кукли кои му помагаат да биде подобар актер.
Извор: Телеграф.рс