Иако многумина ги израдува веста дека Тања Савиќ конечно ќе ги види синовите Максим и Ѓорѓе после една година, пејачката сега обелодени дека се уште не го добила старателството врз децата.
-Официјално ја добив пресудата да ги вратам децата. Немам и понатаму старателство врз децата, тоа не е решено, ќе мораме да се бориме во Србија за тоа. Пресудата само ја донесе таа одлука дека децата треба да се вратат во Србија бидејќи јас со сите документи докажав дека децата живееја овде, имаа престој, овде се школуваа, дека повеќе време поминувавме овде отколку во Австралија, раскажала Тања.
-Се слушнав со синовите, збунети се, беа без мене една година, а сега знаат дека ќе бидат без тато. Тоа е пресврт во нашиот живот кој е тежок. Не знам што да помислам.Многу ми е жал поради себичноста на еден родител, а тоа во овој случај не сум јас. Ми се оствари најголемата желба за мојот роденден и не постои посреќна мајка од мене. Се уште немам можност да ги прегрнам децата, ќе биде тоа наскоро, додала Тања, и истакнала дека има список со неостварени желби, иако најголемата и се остварила.
Извор: Курир.рс