Претреси во станови на Груевски и Јанакиески – ММС
ММС

Објавено на: 03/23/21 5:13 PM

Претреси во станови на Груевски и Јанакиески

Претреси во објекти во сопственост на поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески утринава се извршени во Скопје  и Прилеп, пренесува „Слободен печат“.

Од Јавното обвинителство посочуваат дека утрово бил извршен претрес во објект на Миле Јанакиески во Прилеп, како и во станови на Никола Груевски во Скопје во врска со предметот „Плацеви на Водно“.

Токму поради плацевите на Водно пред две недели во притвор беше спроведен бизнисменот Јордан Камчев кој е осомничен за кривичното дело „перење на пари“.

Во случајот „Плацеви на Водно“, покрај Никола Груевски, осомничени се и Ристо Новачевски, Сашо Мијалков, Јордан Камчев, неговата мајка Ратка Камчева и Ненад Јосифовиќ.