Турскиот репрезентативец со потекло од Охрид, Чеди Осман, би можел да го напушти Кливленд Кавалирс и да се пресели во поранешниот НБА шампион.
Според Кевин О’Конор од „Тhe Ringer“, Чеди Осман е на мета на Голден Стејт Вориорс, а „воините“ веќе одржале прелиминарни разговори со Кливленд за потенцијален трејд. Тој додава дека покрај интересот за Осман, клубовите во НБА се интересираат и за услугите на Џавал МекГи, додека пак Вориорси се подготвени да слушаат понуди за Кели Оубре Џуниор.
Осман е под договор со Кавалирс уште три години, договор вреден околу 22 милиони долари.
Фото:
hoopshabit.com