АстраЗенека во рок од 48 часа ќе му обезбедни нови податоци за антиковид вакцината на американското регулаторно тело – ММС
ММС

Објавено на: 03/23/21 2:53 PM

АстраЗенека во рок од 48 часа ќе му обезбедни нови податоци за антиковид вакцината на американското регулаторно тело

Лабораторијата на Астра Зенека денес се обврза да обезбеди ажурирани податоци во рок од 48 часа на регулаторното тело на САД што ги следи клиничките испитувања на нивната антиковид вакцина и кое посочи дека има потенцијално „застарени“ податоци за таа вакцина.

Во изјавата, АстраЗенека објасни дека користела податоци од пред 17 февруари за резултатите објавени во понеделникот за клиничките испитувања спроведени во САД.

Таа увери дека сака „веднаш“ да контактира со Администрацијата за заштита на податоци и безбедност на САД (ДСМБ, која ја следи пробата) и дека сака таа администрација да анализира со „најнови податоци за ефикасност“ во рок од 48 часа.

Вакцината на АстраЗенека, која се користи во голем број земји, вклучувајќи ги и оние во ЕУ, сè уште не е одобрена во Соединетите држави, каде властите побараа дополнителни податоци за испитувањата во фаза три спроведени на американска територија.

По објавувањето на резултатите од тие тестови вчера, Националниот институт на САД за инфективни болести и алергии (НИАИД), кој ги надгледува клиничките испитувања на вакцините во САД, изрази „загриженост“ дека шведско-британската компанија АстраЗенека можеби користела „застарена информации “во своите тестови.

Според институтот, ова може да доведе до некомплетна проценка на ефикасноста на вакцината.

Според резултатите објавени во понеделникот, врз основа на испитување спроведено врз повеќе од 32 000 учесници во САД, вакцината е 80% ефикасна против ковид-19 кај постари лица и не го зголемува ризикот од згрутчување на крвта.

Вакцината е 79 проценти ефикасна во спречување на симптоматска инфекција кај општата популација и 100 проценти во спречување на тешки форми на заболување и хоспитализација, соопшти лабораторијата во понеделникот.

Преземено од: https://www.danas.rs/