Најмалку десет лица, вклучувајќи и полицаец, се убиени во вооружен напад што се случи во супермаркет во сојузната американска држава Колорадо, јавува Агенција Анадолија (АА).
Пукотницата се случила вчера во супермаркетот „Кинг суперс“ во градот Боулдер.
Полицаецот е убиен кога напаѓачот отворил оган врз полицајците кои пристигнале на местото на настанот.
„Повредениот напаѓач е лишен од слобода и му се укажува лекарска помош“, изјави командантот на полицијата, Кери Јамагучи.
Идентитетот на напаѓачот сè уште не е објавен.
Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, на Твитер соопшти дека американскиот претседател Џо Бајден е информиран за пукотницата.