Спортист од Црна Гора одби да се вакцинира со АстраЗенека, па се збогува со клубот Иглс од Малдиви за кој играше – ММС
ММС

Објавено на: 03/23/21 2:01 PM

Спортист од Црна Гора одби да се вакцинира со АстраЗенека, па се збогува со клубот Иглс од Малдиви за кој играше

Црногорскиот голман, Милан Јеловац добил отказ во својот клуб Иглс бидејќи не сакал да се вакцинира со вакцината на АстраЗенека. Спортистот ја почна сезоната во Раднички Сремска Митровица, а потоа замина на Малдиви, поточно во клубот Иглс.

„Претходните три месеца ги поминав на Малдивите, играјќи за Иглс кои се дел од најелитниот ранг овде“, изјави тој. Иако се очекуваше дека тој ќе има убава кариера таму, се чини други работи го привлекоа вниманието на јавноста.

„Ова беше прекрасно искуство за мене, начинот на живот, културата, се се разликуваше од Европа, но играчите убаво ме прифатија и се вклопив во екипата. Одиграв девет натпревари, па следуваше прекин на првенството поради бројот на заразени“ додаде голманот. При тоа, од клубот им поставиле услов на сите играчи да се вакцинираат против коронавирусот и дека тоа мора да биде со вакцината на АстраЗенека. Како што изјави и самиот голман, проблемот не била самата вакцинација, туку тоа што тие биле принудени да примат конкретна вакцина.

„Во прашање веше АстраЗенека, а таа вакцина не сакав да ја примам. Од четворица странци во клубот, тројца не ја сакавме таа вакцина. Не уценуваа, но не попуштивме и не сакавме баш таа вакцина. За разлика од домашните играчи кои мораа да ја примат таа вакцина, 90 проценти од странците добивме отказ, а меѓу нив сум и јас“, објасни тој.

Меѓутоа, како што вели повторно се наоѓа во Црна Гора и веќе се подготвува за следните предизвици.

Во моментов се наоѓам во својот роден град, индивидуално работам на одржување на формата и подготвен сум за нов предизвик, се надевам овој пат со среќен крај – додава голманот.

 

Фото:  Instagram / Milan_jelovac1

Извор:            telegraf.rs