Како последица на коронавирусот, синоќа на 59-годишна возраст почина поранешниот заменик-министер за образование и пратеник од редовите на СДСМ, професор Тале Герамитчиоски.
Тажната вест на својот „Фејсбук“ профил ја соопшти министерката за одбрана, Радмила Шекеринска. Функцијата заменик-министер за образование, Герамитчиоски ја извршуваше од периодот 2002-2006 година, а од 2006 до 2008 година беше дел од законодавниот дом.
Беше професор на Техничкиот факултет на Универзитетот во Битола.
Фото:
frontline.mk