Ми држеа пиштол на глава кога имав само шест години – Ирина Шајк откри низ каква траума поминала – ММС
ММС

Објавено на: 03/22/21 11:25 PM

Ми држеа пиштол на глава кога имав само шест години – Ирина Шајк откри низ каква траума поминала

Познатата манекенка Ирина Шајк обично не споделува детали за својата приватност, а во една прилика открила голема траума низ која поминала.

Таа споделила една потресна случка за време на турбулентните 90-ти, кои на извесен начин ги одбележале.

-Кога имав шест години, не ограбија. Отворив врата и налетав на тројца маскирани мажи, од кои еден држеше пиштол на мојата глава. Се откри дека ги испратил најдобриот пријател на татко ми. Можеби затоа немам многу пријатели, тешко ми е да им верувам на луѓето. Порано не зборував на оваа тема, раскажала Ирина

Таа додала и дека и е многу важно нејзината ќерка Леа, која ја доби со актерот Бредли Купер, биде свесна за тоа од каде им се парите и да ги почитува.

-Сакам мојата ќерка да знае дека нејзината мајка има работа во својот живот, бидејќи сакам да одгледам силна жена. Подароци и храна не доаѓаат туку-така, истакнала таа во една прилика.

Извор: Нова.рс

Фото: Инстаграм