(ВИДЕО) Да, Бранислав Лечиќ ме силуваше, ме мачеше – призна актерката Даниела Штајнфелд – ММС
ММС

Објавено на: 03/22/21 11:01 PM

(ВИДЕО) Да, Бранислав Лечиќ ме силуваше, ме мачеше – призна актерката Даниела Штајнфелд

-Мене ме силуваше мој колега и драг пријател Бранислав Лечиќ, во мај 2012 година. Псоле четири дена игравме претстава. Бев во шок. Сакав веднаш да се јавам во полиција, но размислував што ќе се случи. Морате да ја разберете таа состојба, вели во ексклузивното интервју за Инсајдер актерката Данијела Штајнфелд.

Таа била уверена дека јавноста нема да верува за ситуацијата кога постои само нејзиниот збор на неговиот. Бидејќи тој е постар колега, успешен и познат актер.

Таа во петок од Њујорк, каде што живее со години ќе допатува во Белград за да даде изјава во обвинителството. Таа во опширно интервју за Инсајдер за прв пат пред камери ја опишува самата случка, која се случила во мај 2012 година.

-Јас зборвав „не“ непрекинато, додека можев, рекла Данијела.

-Кога во јавноста се појави случајот жртви на Мика Алексиќ, Бранислав Лечиќ смислил да биде активист против сексуално злоставување. Во моментот кога тој ги повика поранешните ученици од школото на Мика Алексиќ да одат во неговата актерска школа, тоа ја прелеа чашата. Јас разбрав дека сега веќе не е прашање што ќе се случи со мене во моментот кога ќе прозборам, ова е прашање за мојата општествена одговорност, раскажала Данијела.

-Се лечев од посттрауматско стресно пореметување две години. Јас во тоа време не можев да функционирам нормално како личност, да се чувствувам сигурно. Бев главно затворена. Ако беше тоа некој кој ме потсетува на него во било која смисла, мене ми почнуваа тешкотии со дишење и можев да добијам панични напади, раскажува Данијела во интервјуто за Инсајдер.

Извор: Инсајдер.нет