Брачен пар од Хрватска се откажале од синот и снаата преку весник – „За нас тие не постојат“ – ММС
ММС

Објавено на: 03/22/21 5:33 PM

Брачен пар од Хрватска се откажале од синот и снаата преку весник – „За нас тие не постојат“

Крунослава и Фрањо Шимповиќ од Хлебина во Хрватска се долучиле јавно, „преку весник“, да се откажат од својот 45-годишен син. Веќе четири години, истакнуваат тие, синот не бил во Хлебина, а и внуците почнале да избегнуваат контакт со нив, одлучиле по старата народна „ќе се откажам од тебе преку весник“ го спроведат на дело, пренесува Подравски лист.

„Јавно се одрекуваме од нашиот син, тој, заедно со снаата, за нас веќе едноставно не постои. Ќе направиме се и правно да се избрише како наш син, истакнале Крунислава и Фрањо.

„Уште додека беше студент знаеше да не навредува, посебно мене. Му бевме добри само кога му требаа пари. Ситуацијата додатно се влоши откако се ожени. Во првите три години од бракот, нашата снаа беше добра, а после тоа се се смени и стана уште полошо“, раскажала Крунислава.

„Секој повик во последниве четири години завршуваше со тешки навреди од синот, а кога ќе отидевме кај него на гости, заедно со снаата правеше се што може само да не ги видиме внуците“, додала таа.

„Внуците не обожаваат бидејќи ги носевме секаде и се дружеа со нас. Синот и снаата дур измислиле и дека живееме во Америка, за да не одвојат од нив,“ се жалела Крунислава.

„Потполно сме скршени и не ни остана друго ништо освен преку весник да се откажеме од синот и снаата“, заклучила Крунослава.

Синот не сакал премногу да ја коментира постапката на неговите родители.

„Мене малку ми е смешно, а секој друг коментар поврзан со моите родители е непотребен, рекол кратко синот.

Извор: Стил.курир.рс