Обвинителството за „Трезор“ предложи конфискација на имот, одбраната вели дека нема докази против обвинетите – ММС
ММС

Објавено на: 03/22/21 5:02 PM

Обвинителството за „Трезор“ предложи конфискација на имот, одбраната вели дека нема докази против обвинетите

Обвинетите во случајот „Трезор” кривичните дела ги сториле од лукративен карактер, изјави во завршните зборови на овој процес обвинителот Артан Ајро, кој побара од Судот да го примени институтот конфискација на имот и имотна корист.

– Како имотна корист прибавена со кривично дело за правното лице ДТУ „Финзи” ДООЕЛ од Скопје, избришано од Централен регистар на 18.02.2011, а кој конфискација да се изврши на парични средства од денарска сметка во Охридска банка во вредносг од 838 106 денари и девизна банкарска сметка 145 619 евра, како и конфискација на ПМВ Ауди А4 со проценета вредност од 1 026 285 денари, побара обвинителот Артан Ајро.

Покрај ова побарување, обвинителот од Судот побара обвинетиот Сашо Мијалков да го задолжи да надомести износ од 11 милиони денари, Горан Грујоски 11 милиони денари, Нејбојша Станковиќ 6 милиони денари и обвинетито Тони Јакимовски 7 милиони денари.

– Предлагам Судот обвинетите да ги прогласи за виновни и осуди согласно законот за кривичните дела кој им се стават на товар, а при одмерување на видот и висината на казната да ги има во предвид сите законски предвидени олеснувачки и отежувачки околности, како и да ги заложи обвинетите да ги надоместата трошоците на постапката, изјави Ајро.

Тој во својот завршен збор за случајот „Трезор” посочи дека кривичното дело „злоупотреба на службената положба и овластување”, како поим службената должност создава однос на посредение спрема државата, односно службата како дел од државните функции со цел остварување на начелото владење на правото се јавува потреба од ограничување на носителите на функциите на власта, а како објект на заштита се јавува законитоста на совесно и правилно исполнување на службените јавни и други овластувања.

Државниот правобранител Линда Зибери, на крајот рече дека останува на оштетеното побарување од 48 480 942 денари, за кој е оштетен Буџетот на државата со злоупотреба на службената должност.

Одбраната во случајот, пак, смета дека нејзините клиенти не го сториле кривичното дело кој што им се става во товар и дека единствен доказ е дека нема доказ дека обвинетите го сториле кривичното дело.

Адвокатот Лупчо Шврговски, во изјави пред новинарите рече дека од самите докази коишто ги презентираше јавниот обвинител, а ги обезбеди преку меѓународна правна помош од британските авторитети, можеше да се заклучи единствено дека ниту Сашо Мијалков, ниту преостанатите обвинети не оствариле средба, ниту пак договориле каква било набавка на опрема која што е предмет на обвинението.

– Тоа впрочем произлегува од материјалниот доказ којшто јавниот обвинител го доби по меѓународна правна помош преку истражување на лицата коишто биле вклучени во проектот Гама, изјави Шврговски.

Според Шврговски, во однос на тврдењето на јавниот обвинител дека Сашо Мијалков усно му наложил на Ѓоко Поповски, тогашен помошен министер за внатрешни работи, одговорен во секторот за финансии да ја изврши оваа набавка, односно да ја спроведе постапката по однос на ова набавка, јавниот обвинител презентирал ноторна невистина.

Воедно тој посочи дека никаде во неговиот исказ и од неговиот исказ не произлегол заклучок дека Ѓоко Поповски бил инструиран, односно дека Сашо Мијалков усно му наложил да ја отпочне постапката за набавка на оваа опрема, бидејќи набавката на опремата се реализира преку МВР, а не преку Управата за безбедност и контраразузнавање.

Во делот пак на штетната последица која обивнителот ја опиша дека изнесува некаде околу 48 милиони денари, адвокатот Шврговски посочи дека јавниот обвинител не достави материјален доказ.

– Тој материјален доказ се однесува на изготвено вештачење од областа на економско финансиската наука, вештина и знаење за коешто е потребно стручно мислење и експертиза од вештак од таа област. Јавниот обвинител ги нема тие знаења и познавања и тие вештини и во никој случај сам не може да конструира штета која што им ја става на терет на обвиентите, рече Шврговски

Во „Трезор“ првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР,  Небојша Стајковиќ, и поранешениот началник на Петтата управа во МВР,  Горан Грујевски.

Тројца се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања, Тони Јакимовски за помагање.

Случајот го води судијката Џенета Бегтовиќ, а застапник на обвинението е ОЈО за организиран криминал, кое го презема предметот од поранешното СЈО.

Следното рочиште за завршните зборови на одбраната е закажено за 5 април.

 

МИА