Еруптираше вулканот Мерапи на индонезискиот остров Јава, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од Центарот за истражување и технологија за геолошки катастрофи (BPPTKG) се наведува дека пепелта и чадот, што од кратерот ги исфрлал вулканот Мерапи, достигнале висина од 1.300 метри.
Центарот за вулканологија и намалување на геолошките непогоди (PVMBG) информираше дека состојбата е подигната на „портокалово“ ниво, со што се предупредува населението да не презема никакви активности во подрачјето до 5 километри од вулканот.
Системот за аларм за вулкан во Индонезија се состои од 4 фази: „зелена“, „жолта“, „портокалова“ и „црвена“ која е највисоко ниво.
Во 2010 година од ерупцијата на вулканот Мерапи, висок 2.968 метри, и исфрлената лава животот го загубија 347 лица.