Актерката Даниела Штајнфелд открила во Вишото јавно обвнителство дека актерот и опозициониот политичар, поранешниот министер и член на Демокраската партија Бранислав Лешиќ, мистериозниот моќник од филмската индустрија кој ја силувал.
Штајнфелд пред неколку дена се појави во белградското Вишо јавно обвинителство, на покана од обвинителството за да го дополни претходниот исказ. Таа во присуство на адвокат, зборувала за своето трауматично искуство, за кое ја запозна јавноста пред неколку месеци во својот документарен филм, снимаен во Америка каде моментално живее.
Штајфелд открила дека мистериозиот силувач, чиј иденетитет упорно го криеше е актерот Бранислав Лешиќ, наведувајќи дека ја злоставувал пред неколку години додека со него работела на еден проект.
По сослушувањата на Штајнфелс, обвинителството треба да донесе одлука како понатаму ќе постапи, а се очекува дека Лечиќ ќе биде повикан да се изјасни по повод пријавата на актерката.
Во претходната изјава дадена пред обвинителот, актерката не даде никакви детали што укажуваат на потенцијален сторител. Таа тогаш рече дека тој е „многу моќен човек“ кој постојано се појавуваше во јавноста.
– Не можам да имам коментар на толку чувствителна тема, сè додека не добијам покана од Обвинителството и не добијам црно на бело дека таа ме обвинила за такво нешто – рече актерот Бранислав Лешиќ.
Извор и фото: Новости.рс