Подигнати првите „Зелени детски градини“ во Велес и во Македонија – ММС
ММС

Објавено на: 03/22/21 1:04 PM

Подигнати првите „Зелени детски градини“ во Велес и во Македонија

Градини во кои има пластеници за садење на градинарски производи и вертикални ѕидови со жардиниери од чија берба на хербални растенија и зачини се засладуваат дечињата на градинката и  учениците на посебното осум годишно училиште во Велес, се првите две зелени детски градини во државата.

Дечињата и учениците веќе пијат чај од мајчина душичка и невен, што е производ на нивниот труд. Тие во изминатите девет месеци преку игра се едуцираа како од семе се создава плод и како се одгледуваат садници кои растат во дрвореди што имаат за цел да им овозможат почист воздух во дворовите на институциите.

„ Проектот зелени детски градини, го оплемени просторот и им овозможи на децата во топлите денови да можат да уживаат во убавината додека во останатиот дел од годината одгледувајки хербални растенија во жардиниери да берат плодови, да ги предаваат во кујната и заедно со готвачите да подготвуваат храна и салати, рече директорката на велешката детска градинка  „Димче Мирчев“ Маја Велиновска.

„Како една од задачите проектот ни овозможи хортикултурно уредување на дворот и втората задача ни беше низ едукација да ги воведеме во еколошкиот систем лицата со попреченост. Одлично беше што во зимски услови го спроведувавме проектот во училници во коишто децата научија дека градинарски хербални плодови може да се одгледуваат и во жардениери. Сето тоа го правевме низ игра и едукација за која што беа заинтересирани сите ученици од училиштето. Да кажам дека и дел од родителите од учениците и ученичките прифатија и одлгедуваат ваков вид на плодови во сопствените домови што ние го рачунаме како додадена вредност на самиот проект, “рече директоката на Посебно осумгодишно училиште  „Маца Овчарова“ Мирјана Дамјановиќ.

Проектот зелени детски градини го спроведе Фондација „Фокус“ а го финансираше Министерството за заштита на животна средина и просторно планирање. Во реализацијата на проектот финансиски помогна и Општина Велес.

Стефани Манева