Водоснабдувањето во Тетово се стабилизира, откако по втор пат се појави дефект на новиот градски водовод во месноста Лешница – ММС
ММС

Објавено на: 03/22/21 12:01 PM

Водоснабдувањето во Тетово се стабилизира, откако по втор пат се појави дефект на новиот градски водовод во месноста Лешница

Водоснабдувањето во градот се стабилизира, откако по втор пат се појави дефект на новиот градски водовод во месноста Лешница. Викендов дефектот беше саниран, а денеска веќе водоснабдувањето е целосно стабилизирано.

И покрај два водоводи, тетовци се уште се соочуваат со недостиг од вода за пиење. За неколку недели во два наврати се појавуваат дефекти на новиот водоводен систем. Граѓаните изразуваат сомнеж за постојаните дефекти. Сметаат дека водоводот не е граден по стандарди.

И од невладините организации сметаат дека водоводот не е граден според стандарди. Најголем проблем според нив е тоа што во близина на овој систем се изградени хидроцентрали, кои со нивната работа го прекинуваат нормалното водоснабдување.

Градоначалничката на Тетово Теута Арифи, вели дека бараат одговори од надлежните комисии за дефектите на водоводот, но таа лично смета дека пукањето на главната водоводна цефка од новиот систем е резултат на ерозивните процеси во месноста Лешница.

Сега градот се снабдува со доволно количини на вода над 300 литри вода во секунда.

Зоран Димовски