Тренерските промени во текот на една сезона, за актуелната или онаа која следи, станаа карактеристични за Бундеслигата. Откако стратегот на Борусија Менхенгладбах, Марко Розе, најави дека во кампањата 2021/22 ќе застане на чело на Борусија Дортмунд, неговата замена денес ја открија германските медиуми.
Според Кристијан Фалк од „Билд“, некогашниот фудбалер на Ливерпул, Реал Мадрид и Баерн Минхен, Чаби Алонсо, ќе седне на тренерското столче на овогодинешниот осминафиналист во Лигата на шампионите, Борусија Менхенгладбах.
Шпанецот постигнал договор со црно-белите и веќе од јуни ќе ја започне својата професионална тренерска кариера во големиот германски клуб.
Со само 36 поени Менхенгладбах се наоѓа на десеттата позиција на табелата во Бундесот.
Фото:
spainnews.com