Србите со „ковид оро“ околу споменикот на Стефан Немања против епидемиолошките мерки, лекарите велат состојбата во болниците е трагична – ММС
ММС

Објавено на: 03/21/21 6:03 PM

Србите со „ковид оро“ околу споменикот на Стефан Немања против епидемиолошките мерки, лекарите велат состојбата во болниците е трагична

На Савскиот плоштад во Белград во саботата навечер голема група луѓе играле оро, во спротивност на епидемилошките мерки, без да држат растојание и без да носат заштитни маски.

Снимка од случувањето набрзо се прошири на социјалните мрежи и предизвика лавина негативни коментари, дека однесувањето е неодговорно и непримерно, во време кога расте бројот на заразени со коронавирус, а болниците едвај наоѓаат слободни кревети за нови пациенти.

На снимката се гледа дека многу од учесниците носат и српски знамиња.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MOJ BEOGRAD (@moj_beo_grad)

 

Вчерашниот собир бил организиран преку социјалните мрежи, а граѓаните биле повикани да се спротистават на анти-ковид мерките.

Докторот од Итната медицинска помош, Александар Стијачиќ, за РТС изјавил дека ситуацијата со коронавирусот е трагилна и дека сите оние кои ги прекршиле мерките требало да ги видат полните болници и ковид амбулантите.

„Ова е трагична ситуација каде се губи можноста за решение. Мораме да се смириме, не е добро доколку на овој начин тераме инает“ – вели Стијачиќ коментирајќи го собирот на Савскиот плоштад.

Тој додава дека сцените од ковид болниците се како од „воен филм“ и дека интервенциите на Итната помош се занемарливи во однос на ковид случаите кои се почесто имаат тешки ковид компликации.

 

извор: N1
фото: принтскрин moj_beo_grad