На инфективните оддели се лекуваат 1329 пациенти со Ковид-19, во Скопје за 24 часа хоспитализирани 59 пациенти – ММС
ММС

Објавено на: 03/21/21 2:20 PM

На инфективните оддели се лекуваат 1329 пациенти со Ковид-19, во Скопје за 24 часа хоспитализирани 59 пациенти

 На инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови се лекуваат 1329 пациенти со Ковид-19. Има околу 300 празни болнички кревети во ковид – центрите, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 59 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 578 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Во ковид – центрите во болниците во другите градови во изминатите 24 часа е пријавено дека се лекуваат вкупно 751 пациент позитивен и суспектен на коронавирусот.

Поради зголемениот број на пациенти кои имаат потреба од хоспитализација, во Скопје отворен е и ковид – центарот на Клиниката за пластична хирургија.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 29 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември” имало девет примени пациенти и еден бил примен на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени четири нови пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 21 оздравен пациент.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 262 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември” има вкупно 121 болен, а на Клиниката за инфективни болести лежат 133 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 36 пациенти.На Клиниката за детски болести има 16 деца позитивни на Ковид-19 вирусот, а на ГАК има седум позитивни пациентки.

Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и изутрината до 8 часот имало 45 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 77 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 55 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 31 пациент, во Велес се лекуваат 62 болни, а во Куманово 104 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид – центарот во Охрид се хоспитализирани 92 пациенти, во Прилеп 119, во ковид – центарот во Гостивар 35, а во Струга 20 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 45 пациенти, во Кочани девет, во Кичево 10, Кавадарци 72, а во Гевгелија 20 лица, позитивни и суспектни на коронавирусот.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, стои во соопштението.