Чоколаден колач без брашно готов за 30 минути – десерт од само четири состојки – ММС
ММС

Објавено на: 03/20/21 7:44 PM

Чоколаден колач без брашно готов за 30 минути – десерт од само четири состојки

Колач со богат вкус кој ќе ве воодушеви вас и пријателите.

Состојки:

225 грама путер

500 грама темно чоколадо

7 јајца

100 грама шеќер

Подготовка:

Во сад ставете ја чоколадата и путерот и растопете ги во микробранова. Оставете ги да се изладат.

Во одвоен сад изматете ги јајцата со шеќерот, додека смесата не стане пенеста и кремаста. Оваа смеса додадете ја во чоколадото и путерот, од прилика во три дела, мешајќи.

Земете округол калап и обложете го со хартија за печење, а на дното каде што се спојува со алуминиумска хартија. Овој калап ставете го во поголем плех кој до половина ќе го наполнете со врела вода.

Припремената смесаставете ја во калапот и се заедно печете во рерна на 150 степени. Колачот е готов кога ивиците се цврсти на допир.

По желба посипете со шеќер во прав или некое овошје и послужете.

Извор: Мондо.рс