Работел во фабрика и склопувал Голф 1 – Дино Мерлин пред да стане пејач поминал трнлив пат – ММС
ММС

Објавено на: 03/20/21 5:38 PM

Работел во фабрика и склопувал Голф 1 – Дино Мерлин пред да стане пејач поминал трнлив пат

Един Дервишалидовиќ, познат како Дино Мерлин, денес е најпознатиот босанско-хрватски кантавтор и една од најголемите музички ѕвезди на овие простори, но пред да стане тоа, поминал по навистина трнлив пат. Немал поддршка од родителите и околината во намерата да се знаимава со пишување, компонирање и пеење, така што за него снимањето на првата плоча било сон за кој мечтаел.

Работел тешка физичка работа каде и да требало, а во фабрика за лежишта „Вогоша“ каде што го склопувал легендарниот „Голф 1“, одел и трета смена. Благодарение на својата упорност и труд, успеал да собере пари за снимање на песни, вкупно пет. Но тоа не било доволно за цел албум, а дискографската куќа во него не вдела потенцијал, па соработката пропаднала.

Тогаш се нашол пред бездна, мислел дека се е изгубено и бил на чекор да се откаже од својата цел. Се додека во една прилика во студио во Скендерија не го слушнал продуцентот Мурафид Бркиќ, сопруг на Ханка Палдум. Воодушевен од неговиот талент, веднаш го повикал во својата куќа, и рекол на Ханка да им донесе ракија и му соопштил на Дино дека неговиот прв ЦД ќе биде во тираж од 50.000 примероци. Во една прилика Мерлин зборувал за тоа, но не го знаел одговорот на прашањето што би било да не го сретнел Мурафид таа судбоносна вечер.

-Којзнае… Можеби би продолжил да работам во фабрика. Сигурно не, со оглед на тоа дека е уште една во низата фабрики кои се уништени од неодговорната власт и држава. Не размислувам премногу за тоа, но не затоа што мојот живот пред музиката е период кој сакам да зборавам. И во мојот, како и во вашиот живот, постојат моменти кои се помалку убави за кои би сакале да е наше животно искуство за сиромаштијата, но не би го менувал или заборавил бидејќи секој момент ме направил онаков каков што сум денес, рекол пејачот.

Извор: Курир.рс