Кризниот штаб забрани искачување на Исарот на празникот „Четр’се“ и најави контрола на работничкиот превоз – ММС
ММС

Објавено на: 03/20/21 5:06 PM

Кризниот штаб забрани искачување на Исарот на празникот „Четр’се“ и најави контрола на работничкиот превоз

Во пресрет на празникот „Четр’се“, кога штипјани во склад со вековната традиција ја искачуваат тврдина Исар, Општинскиот кризен штаб за заштита и спасување при Општина Штип денеска донесе забрана за собирање и искачување. Истота така забраната важи и за поставување на секаков вид на тезги и вршење на продажба.

Актуелната состојба со Ковид-19 кризата на локално ниво, како и превземање на мерки важни за заштита на граѓаните беше тема на координативниот состанок, при што беше заклучено Општинскиот кризен Штаб заедно со овластен сообраќаен инспектор и претставници на СВР Штип да врши засилени контроли на јавниот превоз на работниците.

Констатирано е дека состојбата со Ковид 19 кризата на територија на Општина и покрај зголемените бројки на ново заразени е стабилна и под контрола, како и работењето на училиштата и градинките.

Од Кризниот штаб потсетуваат дека задолжително е почитување на мерките за држење дистанца, забрането е групирање на повеќе од 4 лица и задолжително носење на заштитна маска.

Во Штип денеска се регистирани нови 20 случаи на новозаболени со ковид 19, а активни се 271 случај.