Се напив масло од Св. Нектариј, се причестив и отидов на ин-витро – Сека прозборе за борбата за потомство – ММС
ММС

Објавено на: 03/20/21 4:28 PM

Се напив масло од Св. Нектариј, се причестив и отидов на ин-витро – Сека прозборе за борбата за потомство

Фолк ѕвездата Сека Алексиќ последните недели редовно снима за својот Јутјуб канал, а овој пат раскажала за своето искуство за вештачко оплодување.

Со оглед на тоа дека добила многу прашања на оваа тема, Сека, која има два сина, Јован и Јаков, одлучила со обожавателите да сподели детали за тоа како изгледал нејзиниот пат за потомство.

-Мојот пат за потомство не беше лесен, јас сум личност која седум години чекаше да добие дете. Мојот сопруг и јас седум години се боревме да добиеме дете. Вештачко оплодување е само 30 отсто. Јас направив три вештачки оплодувања, третата успеа, првите две бе безуспешни. Кога ја решивме мојата инсулинска резинстенција, тоа беше многу лесно, пиев таблети четири години, тие ми помогнаа да се реши тој проблем. Кога се одлучивме за трето вештачко оплодување, по совет на својто духовен водич отец Никола, и на предлог на уште еден светеник, отец Аца, негов колега, почнав да пијам масло на Св. Нектариј. Отец Аца беше на Егина и донесе масло на Св. Нектариј, и му рече на мојот духовен водич отец Никола да ни даде мене и на мојот сопруг Вељко, раскажала Сека.

-Што се однесува до маслото на Св. Нектариј тука постои еден правилник, не можете да го користите без благослов и постои правила како се користи, колку капки се зема. Жената го пие, се причестув и оди на процес за вештачко оплодување. Ние тоа го испочитувавме, Вељко и јас. Јас се причестив и отидов на ин-витро и фал му на Господ се роди Јаков.

Две ипол години подоцна пвторно отидов на ин-витро, ќе ви кажам само дека молитвите на Свети Нектариј се слушнати кај Господ и јас и Вељко станавме родители. И Бог ќе даде ќе станеме пак. Верниците кои веруваат знаат, знаат и кој е Свети Нектариј, тој е голем чудотворец. Јас бев и на Егина, каде што тој живеел и каде што е погребан. Неговите масла се навистина чудотворни, тој лечи на секој кој има проблем. Потребно е човек да има верба, тогаш половина од проблемот е решен, рекла пејачката.

-Само храбро и имајте вера, им пружила Сека на крај поддршка на сите жени и парови кои се борат за потомство.

Извор: Телеграф.рс