Шефицита на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска, во емисијата Стадион на Канал 77 одговараше за актуелните случаи во јавноста со искажани сомневања за корупција. Обвинителството покрена постапка за набавката на софтверот за сообраќај од страна на Генералниот секретаријат на Владата во време кога со него раководеше Драги Рашковски, но засега нема предмет за обидот за набавка на кинески вакцини преку приватна фирма. За разлика од некое поранешни времиња, кога Обвинителството се колебаше да покренува постапки за случаи во кои се вмешани актуелни функционери, сега има впечаток на охрабрување да се постапува со вакви предмети.
-За разлика од претходно, јас бев обвинител. Сите предмети одат преку шефот на Обвителството. Сите предмети одат преку шефот и тој има голем удел. Ние во тоа време, кога ќе ни ги дадеа предметите, сме постапувале. Не е во прашање храброста, туку храброста на првите луѓе – во тоа време на Марко Зврлевски и Јован Илиевски (шефовите на Обвинителството н.з.), рече Рускоска.
Во однос на покренатиот предмет за Рашкоски, Рускоска не сакаше да даде информации, повеќе од тоа. Рече дека веќе се собрани јавно достапниите предмети, додека останува понатаму да работат истражителите.
-Се напишаа повеќе наредби, истражителите се во постојан контакт со лица кои треба да ја обезбедат целкупната документација. Откако ќе ја видиме таа документаицја, ќе знаеме како ќе постапуваме, објасни обвинителката Рускоска.
За обидот за набавката на кинески вакцини преку приватна фирма, која од страна на опозицијата беше оценета како сомнителна, Рускоска рече дека Обвинителството засега нема отворено предмет, бидејќи сакаат да ги видиме наодите на Државната комисија за спречување на корупцијата, која веќе отвори предмет,
-Ќе видиме дали ќе имаме известување и од полицијата и од финансиската полиција, кажа Вилма Рускоска.
Предметот со исчезнувањето на Сашо Мијалков и случувањата околу случајот што беше оценет како негово бегство, според Рускоска го води обвинителката Ленче Ристоска.
-Во четвртокот Ристоска зеде исказ од мене и од истражителите што го притворале. За повеќе информации обратете се кај неа, изјави Вилма Рускоска во емисијата Стадион.