Делењето на правдата во спортот, а особено во фудбалот, знаело и знае да биде неблагодарна работа, а позицијата на главен арбитар на натпревар честопати изложена на секаков вид на ризици.
Впрочем тоа најдобро го почувствува и бугарскиот судија на нисколигашкиот дуел помеѓу две екипи во четвртата лига на Бугарија. На играчите во „зелено“ (се извинуваме однапред поради недостатокот на информации околу главните актери) очигледно не им се допадна одлуката на судијата и незадоволството решија да го изразат на поинаков, невербален начин.
Судијата почна да трча и да „спасува жива“ глава, дуелот беше прекинат, а крајниот исход од физичката пресметка на терените во соседна Бугарија засега никој не го знае.
An unbelievable moment in the Bulgarian fourth tier 😳
A match was abandoned after the referee was chased from the pitch by players and officials pic.twitter.com/6n4hZSzG2j
— Football Daily (@footballdaily) March 17, 2021
Фото:
novinite.com