Топла компир салата со туна – совршена вечера за посни денови – ММС
ММС

Објавено на: 03/19/21 7:31 PM

Топла компир салата со туна – совршена вечера за посни денови

Ако барате идеја за денешната посна вечера, на вистинското место сте. Ви предлагаме топла компир салата со туна и маслинки.

Потребни состојки:

1 кг. компири

2 конзерви туна

црни маслинки без семка

2 млади лукчиња

1 лажица сенф

1 лимон

3 лажици маслиново масло

сол, бибер

неколку гранчиња свеж магдонос

Подготовка: Измијте го компирот, варете го со лушпа околу 30 минути додека не омекне. Кога компирот ќе се свари, измијте го со ладна вода и прелијте го со сок од лимон, оставете г малку да се олади, па исечете го на кругови со еднаква дебелина.

Лукот исечкајте го на ситно, додадете го во компирот и измешајте. Измешајте маслиново масло, сенф, магдонос, сол и бибер и измешајте. Додатете ја мешавината во компирот, додадете ја туната и маслинките и промешајте.

Извор: Стил.курир.рс

Фото: Shutterstock