Сениорската женска репрезентација со победа го започна квалификацискиот циклус за пласман во баражот за Светското првенство 2021 кое ќе се одржи во Шпанија.
На домашен терен во СЦ „Борис Трајковски“, ракометарките го совладаа Исланд со резултат 24:17 и се доближија чекор поблизу до баражот за женскиот мундијал.
Првите две пласирани во групата ќе обезбедат место и шанса за влез помеѓу најдобрите, а македонската женска ракометна селекција веќе утре од 17 часот ќе се соочи со Литванија. Во недела во истиот термин на гости ќе пристигне репрезентацијата на соседна Грција.
Ристовска со 11 погодоци убедливо се најде на врвот на листата на стрелците во нашиот табор.
Фото:
Facebook / Ракометна Федерација на Македонија