Тетово ја губи автентичноста – ММС
ММС

Објавено на: 03/19/21 5:11 PM

Тетово ја губи автентичноста

Тетово одамна ја губи автентичноста, но во последно време се заканува целосно да ја изгуби старата архитектура. Традиционалните градби белег на Тетово, лоцирани во стариот дел на градот се руинирани и се распаѓаат.

Негрижата на надлежните институции но и на сопствениците на објекти за градбите со стара архитектура освен што продонесуваат за бришење на споменот за градот, тие преставуваат и ризик за тетовци. Руинирани стари градски куќи висат над главите на граѓаните кои поминуваат низ тетовските сокаци и мала. Граѓаните бараат итно уривање или пак реконструкција на истите.

 

Од Музејот на тетовскиот крај, велат дека немаат законско можност ниту пак ингеренции да интервенираат. Само вршат евиденција и документација на објектите.

Во Тетово ретко има објекти кои го имаат зачувано автентичниот лик. Истите или сами се распаѓаат или пак сопствениците ги уриваат, а на нивно место инвеститори градат огромни зданија. Градот под Шара за еден деценија целосно го измени својот препознатлив лик.