Дали знаевте дека Бутан е единствената земја во светот која има Министерство за среќа? Таа е и единствената земја која се труди за своето население да произведе храна, па увозот е сведен на минимум. Но, она што најмногу го фасцинира светот се кралоти кралицата на Бутан.
За бутанската кралица Пема сите велат дека е најскрoмната кралица на светот. А станала кралица кога се омажила за кралот Јигме.
Бутанскиот крал Јигме, студирал во Велика Британија и САД, а на тронот стапнал во 2006 година, откако неговиот татко абдицирал. Јигме тогаш имал само 26 години.
За разлика од својот татко кој имал четири жени (сите сестри) и со кои се венчал во ист ден, Јигме бил одлучен – ќе има една жена и тоа ќе биде Пема.
Наспроти обичаите. Јигме се одлучил да се ожени со една жена и тоа го направил на 13.октомври 2011 година, додека таа уште била студент во Лондон.
Јигме ја запознал Пема кога таа имала 7, а тој 17 години. Тогаш се зарекол дека таа ќе му биде жена и со трпение ја чекал да порасне.
View this post on Instagram
Кралот Змеј, како што народот го нарекува, одлучил на круната да и ја одземе моќта и постави демократија. Големо внимание во јавноста во Бутан привлекол со својата наклонетост кон сопругата која јавно ја држел за рака и ја бакнувал. Граѓаните на такво нешто не биле навикнати. Светот ги нарекува „Вилијам и Кејт од Хималаите“.
Среќниот пар добил два сина, а овие денови го прославиле првиот роденден на нивното второ дете, па светот го израдуваат со нова фотографија од среќното семејство.
View this post on Instagram
Семејствата на Јигме и Пема се необично поврзани. Постарата сестра на Пема е омажена за братот на Јигме, додека помладата полусестра на кралот е омажена за помладиот брат на кралицата.
Бутан е единствената земја во светот во која власта е уверена дека среќата е најважната цел кон која цели целото население. Толку им е важно, што правото на среќа е запишано во член 9 од Уставот.
На секоја личност во земјата во склоп на пописот на население, и се поставува прашањето „Дали сте среќни?“.
Законот во Бутан забранува убивање на животни, па поголемиот број од населението се вегетаријанци. Исто така забранет е увоз на пестициди што значи дека земјоделските производи воопшто не содржат штетки состојки.
Средните и јужните делови од земјата воопшто не се развиени – тие подрачја се во принцип големи природни резервати богати со флора и фауна.
Во склоп на чување на животната средина во Бутан е воведен пешачки ден еднаш месечно. На тој ден сите вработени одат пеш на работа и никој не користи автомобил, за додатно да не се загадува околината.
Ловот е забранет, а сечење на шумите речиси и да нема. Ова кралство (парламентарна монархија) произведува доволно самата себе да се издржува.
Извор: Стил.курир.рс
Фото: Инстаграм