Воз удрил во автомобил кај Велес, нема повредени – ММС
ММС

Објавено на: 03/19/21 12:55 PM

Воз удрил во автомобил кај Велес, нема повредени

Вчера во попладневните часови на 18 март во велешката полиција било пријавено дека на железничкиот патен премин Велес – Згрополци – Велес се случила железничка незгода помеѓу товарен воз и автомобил „фолксваген туран“.

Во незгодата учествувале товарен воз и патничко моторно возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.З.(55) од с.Кадино, скопско. Во сообраќајката нема повредени лица. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Велес, соопштуваат од МВР.