Како изгледа новата Хурем – Турската актерка го смени имиџот – ММС
ММС

Објавено на: 03/19/21 11:44 AM

Како изгледа новата Хурем – Турската актерка го смени имиџот

Уште откако Мeријам Узерли се здоби со светска популарност благодарение на улогата на Султан Хурем, во хит серијата „Сулејман Величествениот“, таа постојано го привлекуваше вниманието на јавноста.

Оние кои ја следат на Инстаграм знаат дека убавата Турчинка сака да експериментира со различни комбинации на облека, а позната е и по тоа што често ги изненадува фановите со нова фризура.

Турската ѕвезда ја обои косата во виолетова боја. Иако многумина беа шокирани од фотографиите, тие претежно се согласуваат дека и фризурата и стои одлично.

Маријам Узерли извесно време експериментираше и со сината, па направи голема промена и ја обои во кафеаво кафеава боја и драстично ја потстрижи. Патем, нејзината природна коса е светло костенлива.

Актерката со турско-германско потекло неодамна стана мајка на уште едно девојче, Лили Кои. Покрај бебето, актерката има уште една ќерка Лара Јамин, која ја доби во врска со 17 години постариот претприемач Кан Атес.

Откако раскина со Турчинот, таа ја бараше среќата во Берлин, каде престојува последните неколку години, и каде се запозна и со нов партнер чиј идентитет вешто го крие од јавноста и медиумите. Таа призна дека е во врска и дека во моментов е „многу среќна и благословена“, пишува b92.net.

Извор: Република.рс

Фото: Инстаграм