Препознатливата бронзена статуа во Брисел – „Manneken Pis“ фотографиранана е облечена во медицинска опрема – скафандер, болнички папучи, заштитна маска FFP2, црвени ракавици, појас со торбичка во која има гел за дезинфекција и топломер, пренесува белгискиот сајт Билте.
Бронзеното момче на првата годишнина од воведувањето карантинот во Белгија, им оддаде почит на „Ковид момчињата“ – санитарната група која патролира и им помага на граѓаните со хумор да се придржуваат до мерките за време на епидемијата на корона вирусот.
„Ковид момчињата сфатија дека со хумор можат да им покажат на луѓето во Брисел дека ги почитуваат епидемиолошките мерки. Тоа е добро и за моралот “, рече претставникот за култура и туризам во Брисел, Делфин Уба.
„Ковид момчињата“ изјавиле дека се почестени што „Manneken Pis“ е облечено во нивната опрема и додале дека тој гест требало да остане во колективното сеќавање на граѓаните на Брисел кој се бори против епидемијата од корона вирусот, пишува белгискиот сајт.
Инаку скулптурата „Манекен Пис“ кога се појавила за прв пат во Брисел не било познато кој ја создал. Оваа минијатурна статуа – фонтана е изработена од бронза и се верува дека била создадена во XV век. Ова е најпрепозналивиот споменик во Европа.
Преземено до: https://rs.n1info.com/
Фотографија: NICOLAS MAETERLINCK / BELGA / AFP
HATIM KAGHAT / BELGA / AFP