(ВИДЕО) Бил љубовник на принцезата Дајана, а за некои и татко на Хари – како изгледа и што прави денес Џејмс Хјуит – ММС
ММС

Објавено на: 03/18/21 4:45 PM

(ВИДЕО) Бил љубовник на принцезата Дајана, а за некои и татко на Хари – како изгледа и што прави денес Џејмс Хјуит

Од трагичната смрт на принцезата Дајана поминаа 24 години, а британската и светската јавност со децении ги споредуваат фотографиите на офицерот Џејмс Хјуит (62), поранешен љубовник на никогаш непрежалената Лејди Ди со фотографии од принцот Хари.

Големата сличност на војводата од Сасекс со човекот со кој неговата мајка била во петгодишна врска во 80-тите години и денес интригира, поради што многумина веруваат дека тој е татко на Хари, пишува Дејли маил.

Тој ги демантирал наводите: „Не, не сум“, рекол тој.

Сепак, шпекулации сеуште има, а тој вели дека тоа е затоа што тие продаваат весници.

-Кутро момче, нему тоа потешко му паѓа отколку мене, рекол тој.

Поранешниот мајор е фотографиран како турка количка со намирници на излегување од супермаркет во британскиот град Ексетер.

 

Ветеранот од Заливската војна, кој на војската и се приклучил на свои 20 години, за на пазарење облекол вратоврска од Гардиската бригада.

Името Џејмс Хјуит на јавноста и е познато од 1991 година, кога неговата тогашна свршеница обелоденила дека ставила крај на нивната врска поради афера на мајорот и принцезата Дајана.

Петгодишната љубовна афера на принцезата и поранешниот офицер на војска траела од 1986 година, после што бил ангажирал на принцезата да и држи приватни часови по јавање.

Откако аферата се откри во јавноста, Џејмс повеќе пати бил обвинуван од страна на јавноста дека се збогатил од таа романса, бидејќи се обидел да ги продаде љубовните писма кои принцезата му ги испраќала.

Во 90-тите бил на работ на самоубиство, а како што и самиот признал во едно интервју во 2011 година мајка му Шарли му го спасила животот, на што е многу благодарен.

После тоа доживеал мозочен удар и денс живее со својата мајка (92), а за живот заработува така што одржува куќи и градини во местото каде што живее неговата мајка.

Извор: Информер.рс