Вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска ќе престојува во еднодневна работна посета на Косово.
Како соопшти неговиот кабинет, Груби во Приштина ќе има средба со лидерите на тамошните политички партии, Вјоса Османи, Енвер Хоџај, Лумир Абдиџику, Рамуш Харадинај, Фатмир Лимај, како и со претседателот на здружението „Балкански сираци”, Халил Кастрати.
Тема на разговор на состаноците ќе биде процесот на Пописот во Република Северна Македонија.
МИА