Русија го отповика својот амбасадор од Вашингтон во Москва по коментаите на американскиот претседател Џо Бајден кој остро го критикуваше рускиот претседател Владимир Путин, јавува Агенција Анадолија (АА).
Гласноговорничката на Министерството за надворешни работи на Русија Мариа Захарова изјави дека амбасадорот Анатоли Антонов се враќа во Москва поради консултации, за да се процени иднината на односите со Соединетите Американски Држави (САД).
Таа истакна дека Русија е заинтересирана за спречување на било каква „неповратна деградација” на односите „ако Американците се свесни за можните ризици”.
Американскиот претседател Џо Бајден во интервју изјави дека верува дека рускиот претседател Владимир Путин е убиец и порача дека официјална Москва ќе плати поради мешањето во американските избори.
Бајден ова го изјави во интервју за „Еј-би-си њуз” (ABS News), на новинарско прашање за коментар за федералната истрага за кибер нападите поврзани со Русија и разузнавачкиот извештај кој го поврзува московскиот Кремљ со интернетско вплеткување во американските претседателски избори во 2020 година.
Русија ги отфрла таквите обвиненија.