Клуге: Да се има уште малку трпение за вакцините, со министерот Филипче сме во постојан контакт – ММС
ММС

Објавено на: 03/17/21 10:33 PM

Клуге: Да се има уште малку трпение за вакцините, со министерот Филипче сме во постојан контакт

Регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге рече дека државава освен што ги нарачала вакцините преку КОВАКС механизмот, исто така ги завршила и сите финансиски и административни процедури.

– Нарачката е направена, комплетирани се финансиски и административни процедури. Во постојан контакт сум со министерот за здравство Венко Филипче. Пред точно една година бев во Скопје и оттогаш работиме заеднички. Системот е подготвен, од страна на државата е направено се што треба, но она што треба да го знаеме е да се има уште малку трпение, да се почитуваат мерките за јавното здравје, истакна Клуге во интервју за Телма телевизија.

Тој потенцира дека целиот свет се соочува со недостиг од вакцини и дека производителите мора да го зголемат производството, а дека солидароста на земјите е единственото оружје против вирусот.

– Солидарноста засега е единственото оружје против вирусот. Непријателот е вирусот. Посветени сме на солидарноста. Секоја држава се бори, тоа е точно дека имаме проблем и затоа е многу важно да се зголеми капацитетот на производство, бидејќи цел свет се соочува со овој недостиг, додаде Клуге.