Пејачот Борис Новковиќ (53) ќе добие син. Тој за Стори.хр потврдил дека новороденче доаѓа во семејството.
„Вистина е, семејството расте, изјавил тој.
Синчето ќе се роди за еден месец, а пејачот го чека со сопругата Ирис Волф, 25 години помлада од него, со која веќе ја има ќерката Си, која наскоро ќе го прослави својот втор роденден.
Ова е четврто дете на Новковиќ, а освен претходната ќерка Си, тој ги има и Борна (8) и Ноа (11) од претходниот брак.
View this post on Instagram
Сопругата Ирис добро ја издржа бременоста и сите во семејството се подеднакво возбудени што ќе имаат бебе.
На крајот на минатата година беше објавено дека сопругата на пејачот, Ирис го напуштила заедничкиот дом, по што го нарекоа „крал на пропаднатите бракови“.
Борис веќе има три брака зад себе – прва сопруга на Борис беше актерката Бојана Грегориќ, со која беше во брак пет години.После тоа, тој беше во брак со новинарката Луција Матиќ тринаесет години. Вториот брак се распадна бидејќи, како што пишуваа хрватските медиуми, Борис Новковиќ се вљубил во сликарката Ирис, со која сега чека уште едно дете.