Со средства од ЕУ ќе се гради пречистителна станица за отпадните води од Тетовско, кои сега завршуваат во Вардар – ММС
ММС

Објавено на: 03/17/21 4:56 PM

Со средства од ЕУ ќе се гради пречистителна станица за отпадните води од Тетовско, кои сега завршуваат во Вардар

Со средства од Европската унија ќе се гради пречистителна станица за отпадните води од Тетовско, кои сега директно завршуваат во реката Вардар.

Проектот за изградба на системот за прочистување на отпадните води ќе биде објавен наредниот месец, најави градоначалничката на Тетово, Теута Арифи. Евроамбасадарот, Дејвид Гер кој денеска беше во посета на Општина Тетово, истакна дека ќе зачести со посетите во насока да поддршка на регионот во заедничките предизвици.

-ЕУ има дадено поддршка на граѓаните на општина Тетово и полошкиот регион во контекст на инфраструтура, проекти поврзани со животна средина, граѓанскиот активизам во општина Тетово и на различни бизниси. ЕУ ќе продолжи да ја обезбедува оваа поддршка. Моја прва посета е повод повеќе да ги слушнам граѓаните на општина Тетово, па бев информиран за сите предизвици. Ќе ја продолжам дискусијата со граѓанското општество за негување на културниот диверзитет, изјави Дејвид Гир.

За пречистителната станица, Тетово ќе добие средства од ИПА фондовите во висина од 30 милиони евра. Во 2019 година започна расчистување на старата тетовска депонија кај Фалише со цел таму да се изгради станицата. Се наоѓа на 67 илјади метри квадратни на патот од Фалише кон Стримница.

 

Зоран Димовски