Сите вакцини штитат против новите соеви, но кинеската е најотпорна на мутациите, вели д-р Миланко Шеклер – ММС
ММС

Објавено на: 03/17/21 4:23 PM

Сите вакцини штитат против новите соеви, но кинеската е најотпорна на мутациите, вели д-р Миланко Шеклер

Дури 80 проценти од заразените со коронавирус во Србија се заразени со британскиот сој на вирусот – тврдат од кризниот штаб за борба против ковид-19. Меѓутоа, вирусологот Миланко Шеклер вели дека сите вакцини кои се достапни штитат и од британскиот и од бразилскиот, но и од јужноафриканскиот сој.

Сите вакцини штитат, но со нешто помала ефикасност.  Ефикасноста е најмала кај британскиот сој, а од сите вакцини најотпорна на мутациите, е кинеската. Во земјите каде веќе е отпочната вакцинацијата со оваа вакцина, се дошло до заклучок дека вакцинираните помалку се заразуваат, а и оние кои се заразиле, имале поблага клиничка слика – објаснува Шеклер. Тој во интервју за српски Курир додава и дека кинеската вакцина создава три вида антитела, за разлика од останатите вакцини.

Извор:  kurir.rs