Засега да продолжи вакцинирањето со вакцината на АстраЗенека, предлага СЗО – ММС
ММС

Објавено на: 03/17/21 3:55 PM

Засега да продолжи вакцинирањето со вакцината на АстраЗенека, предлага СЗО

Светската здравствена организација предлага „засега“ да продолжи вакцинирањето со вакцината на АстраЗенека додека се чека експертите да ја завршат проценката на овој производ чија примена е прекината во повеќе држави, поради можни несакани ефекти.

„Засега СЗО оценува дека балансот меѓу ризикот и придобивките е на страната на вакцината АстраЗенека и се препорачува вакцинацијата да продолжи“, пишува во соопштението од Организацијата.

Во писмениот допис се наведува дека експертите на чие мислење се чека, ја продолжуваат проценката на податоците за здравствените проблеми кои ги имаа некои луѓе вакцинирани со оваа вакцина.

 

Извор:  danas.rs