Пробиштипјанка во Полиција пријавила дека била измамена од жена која дошла во нејзиниот дом и под изговор дека знае да растура магии, ја олеснила и со златен накит и со пари.
„На 16 март во Полициската станица Пробиштип 52 годишна жена од пробиштип пријавила дека била измамена од едно женско лице.Според пријавеното, на 13 март околу 11 часот лицето дошло во нејзиниот дом и под изговор дека знае да растура магии, ја довело во заблуда и и’ одзело златен накит и пари,“ информираат од Полицијата.
Ова не е прв случај на ваков вид на измама. Тие се чести, особено во источниот регион од земјата. Само во текот на овој месец, Полицијата информира за измами со ,,растурање магии“, во Кочани и Штип.
Едната измама се случила на 3 март во Штип, другата следниот ден во Кочани. И во двата случаи се работи за жени кои пријавиле дека женско лице дошло во нивниот дом и под изговор дека знае да растура магии успеало да им одземе златен накит.
Полицијата се уште работи на расчистување на случаевите.
alo.rs