„Јас сум во Мексико, а вие таму слушајте го Венко и држете дистанца“ – Рашковски топ тема на Твитер – ММС
ММС

Објавено на: 03/17/21 12:18 PM

„Јас сум во Мексико, а вие таму слушајте го Венко и држете дистанца“ – Рашковски топ тема на Твитер

Социјалните мрежи се преполни со смешни коментари во врска со патувањето на поранешниот генерален секретар на Влада, Драги Рашковски, која заминал за Мексико, но и за Љпчо Николовски, вице премиер за борба протв корупција, кој заминал за Дубаи. Во услови кога државава поради зголемиот број заразени од Ковид-19, размислува за карантин, и кога секојдневните препораки на Комисијата за заразни болести и министерот за здравство, Венко Филипче се да не се патува и да се внимава, јавноста не може да го оправда напуштањето на земјата на двајцата функционери.


Оттаму како начин на изразување револт,  Твитер заедницата, но и Фејсбук корисниците  преку своите твитови и постови се обидваат на шега да ја објаснат состојбата.

„Народот во карантин, Рашко и Љупчо во Мексико и Дубаи“,  „Мексико“ е награда на Рашковски која му се падна во 200 грама кафе, „Слушајте го Венко и не тупете многу за мене, добар сум, не се секирајте„.., се само дел од твитовите на сметка на двајцата функционери.