Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од селото Долна Лешница за кое постои сомневање дека сторило кривично дело – Фалсификување пари од член 268 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, соопштуватаат од Обвинтелството.
На 12 март, при претрес во домот на осомничениот 44-годишник биле пронајдени фалсификувани 12.885 евра, 250 швајцарски франци и 40 кувајтски динари. Лажните банкноти во различни апоени осомничениот имал намера да ги пушти во оптек како вистински.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд Тетово достави и предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, поради опасност од бегство, можност да ја попречува истрагата и да го повтори делото. Судијата го прифати предлогот на обвинителот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.