Најмалку осум мртви во три инциденти во салони за масажа во Атланта – ММС
ММС

Објавено на: 03/17/21 9:21 AM

Најмалку осум мртви во три инциденти во салони за масажа во Атланта

Најмалку осум луѓе се убиени вчера во три вооружени напади во салони за масажа во Атланта и нејзино блиско гратче во југозападниот дел на американската сојузна држава Џорџија, за што неколку часа подоцна е осомничен и уапсен маж (21).

Жртвите главно биле жени од азиско потекло,  наведува во соопштението локалната полицијата. Засега со сигурност не е утврдено дали трите инциденти се меѓусебно поврзани,

При првиот инцидент биле убиени четири лица, а две се ранети. Се случил во салон за масажа на педесетина километри од Атланта. Набрзо потоа се случиле и другите два инцидента, во кои биле убиени уште четири лица во два салона за масажа во Атланта. Осомничениот Ронерд Ааронг Лонг  е уапсен синоќа по локално време, на 240 километри јужно од Атланта, пренесуваат агенциите.