Турција ќе донира 30.000 дози вакцини за БиХ – ММС
ММС

Објавено на: 03/17/21 8:04 AM

Турција ќе донира 30.000 дози вакцини за БиХ

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција ќе донира 30.000 дози вакцини против Ковид-19 на Босна и Херцеговина, јавува Анадолија (АА).

„Ние ќе испратиме 30.000 дози вакцини против Ковид-19 во Босна и Херцеговина“, рече вчера Ердоган по состанокот со членовите на Претседателството на БиХ кои престојуваат во официјална посета на Анкара.

Тој напомена дека е многу важно да се продолжи со понатамошно развивање на економските односи меѓу двете земји.

Претседавачот и членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, Шефик Џаферовиќ и Жељко Комшиќ престојуваат во официјална посета на Турција.

Официјалните претставници на Босна и Херцеговина и на Турција вчера во текот на официјалната посета потпишаа договори за соработка во инфраструктурни и градежни проекти и за заемно признавање и размена на возачки дозволи, како и меморандум за соработка во промоција на инвестициите.