Светската здравствена организација (СЗО) ги повика земјите да не престануваат со имунизација со вакцината на АстраЗенека откако тоа го сторија повеќе земји од ЕУ.
Во соопштението се вели дека нема докази за поврзаност помеѓу вакцината и згрутчување на крвта.
Германија, Франција, Италија и Шпанија им се придружија на помалите земји кои, како претпазливост, престанаа да вакцинираат додека се вршат проверки.
Експертите за вакцини на СЗО ќе се состанат денес за да разговараат за овој лек, објави Би-Би-Си.
Европската агенција за лекови, исто така, ќе одржи состанок во текот на денот, а заклучоците се очекува да бидат објавени во четврток, на 18 март. Оваа агенција исто така објави дека вакцината АстраЗенека треба да продолжи да се користи.
Имаше неколку случаи на згрутчување на крвта во Европа по приемот на оваа вакцина, но експертите велат дека тој број не е поголем од бројот на згрутчување на крвта што нормално се јавува кај општата популација.
Околу 17 милиони луѓе во ЕУ и Велика Британија примија единечна доза на вакцина, а помалку од 40 случаи на згрутчување на крвта се пријавени до минатата недела, соопшти АстраЗенека.
Преземено од: https://www.blic.rs/