Што држи во раката цигара или џоинт?! – Тифани Трамп на тапет во светските медиуми – ММС
ММС

Објавено на: 03/16/21 10:33 AM

Што држи во раката цигара или џоинт?! – Тифани Трамп на тапет во светските медиуми

Ќeрката на Доналд Трамп, Тифани (27), која ја има од бракот со Марла Мејплс, американска водителка и актерка, малку се опушти во Мајами, каде во моментов престојува со семејството и свршеникот. Тифани била во хотел, и за момент излегла на тераса, а фотографите ја фатиле со цигара и запалка во раката. Покрај тоа, на нејзината рака сјаел вереничкиот прстен, за кој се проценува дека вреди 1,2 милиони долари.

Тифани ја изгасила рачно завиткана цигара на терасата на хотелот. Бидејќи ќерката на Трамп никогаш не била видена со цигара во рака, а не е познато дека пуши тутун, странските медиуми пишуваат дека најверојатно не станува збор за тутун.

Да потсетиме, нигерискиот мултимилионер, Мајкл Булос, ја запроси Тифани Трамп во градината на Белата куќа. Самата Трамп се пофали со свршувачката, која објави заедничка фотографија од Белата куќа, на која се гледа голем прстен на нејзината рака.

“Ми беше чест да се слават многу пресвртници, историски прилики и да се создаваат спомени со моето семејство во Белата куќа. Ништо поинакво од мојата свршувачка со неверојатниот свршеник Мајкл”, напиша Тифани со фотографијата и додаде дека и двајцата се возбудени од следно поглавје.

Патем, Мајкл е наследник на нигерискиот конгломерат Булос Ентерпрајзс и тој живееше во Нигерија се додека не ја запозна Тифани, на Миконос во Грција, во 2018 година и поради тоа се пресели во САД, според извори на странски медиуми. Тој, наводно, ќе се пресели во вила на Флорида, како и остатокот од кланот Трамп – Иванка и Џеред кои веќе купиле имот таму, додека братот Дон и неговата девојка Кимберли Гилфојл истражуваат недвижен имот во Палм Бич. Не е ни чудо што Тифани сака да биде некаде во близина на нејзиниот брат, бидејќи тој беше единствениот на нејзината прослава на нејзиниот 25-ти роденден пред 3 години. Нејзиниот татко Доналд и Меланија отидоа во Мар-а-Лаго пред инаугурацијата на Џeо Бајден. Интересно е да се спомене и дека Трамп еднаш изјави дека е „помалку горд“ со Тифани од сите други негови деца и дека тој не и го честиташе роденденот од 2013 година. Тие веќе долго време не се виделе, инаку таа не се чувствуваше добредојдена на семејни собири. Тоа се смени оваа година, кога заедно со сите други деца на Доналд, таа одржа говор на националниот собир на републиканците.

Преземено од: https://www.espreso.co.rs/