Зоран Мамиќ во затвор, Динамо без тренер против Тотенхем во реваншот – ММС
ММС

Објавено на: 03/15/21 11:38 PM

Зоран Мамиќ во затвор, Динамо без тренер против Тотенхем во реваншот

Врховниот суд на Хрватскаденес ја потврди пресудата на осјечко Жупанискиот суд и го остави хрватскиот шампион во Европа Лига без тренер за реванш дуелот од 1/8 финалето против Тотенхем „Максимир“.

Поранешниот претседател на Динамо Загреб, Здравко Мамиќ, кој е во бегство во Босна и Херцеговина, доби шест ипол години затворска казна за извлекување 116 милиони хрватски куни од клубот, а неговиот брат и довчерашен тренер на загрепчани, Зоран Мамиќ, доби казна од четири години и осум месеци.

-Иако не се чувствувам виновен, како што веќе највив претходно, доколку правосудата биде правосилна јас ќе ја прифатам како таква и ќе поднесам оставка од местото главен тренер и спортски директор на ГНК Динамо. На клубот му посакувам многу среќа и успех во понатамошниот период, изјави Мамиќ.

Динамо во Лондо загуби со 2:0 од екипата на Жозе Мурињо и во четврток во хрватската престолнина ќе се обиде да дојде до чудо и да се пласира во 1/4 финалето од второто по квалитет клупско натпреварување во Европа.

 

 

Фото:

theguardian.com