(ВИДЕО) Толку е скржав што користи стара чорапа за да напарави сопствена машина за кафе – ММС
ММС

Објавено на: 03/15/21 3:46 PM

(ВИДЕО) Толку е скржав што користи стара чорапа за да напарави сопствена машина за кафе

Мајкл МекСарли од Тенеси е учесник во шоуто „Extreme Cheapskates“, кое се емитува на телевизијата TLC, и за себе тврди дека е скржав, но ефективен. Тој направи радикални промени во животниот стил, па затоа ја ‘измисли’ сопствената машина за кафе, која се состои од чаша, стар чорап и јаже – тој свари вода што потоа ја прели врз кафет што се наоѓа во старата чорапа. Јажето служи за чување на чорапот цврсто во чашата.

„Го сакам, но тој е болно скржав“, рече неговата мајка Џуди, со која се согласува и отец Дон.

Овој 40-годишник тврди дека тој навистина нема цел да заштеди пари, но воопшто не сака да ги потроши! – Тој отиде дотаму што стави затка во када за време на туширањето, а потоа ја истури собраната вода во кофа за да ја зачува и да ја користи за некои други работи – миење садови, облека, чистење на куќата.

„Фрлам ѓубре еднаш неделно, толку често и мијам садови, а алишта перам само еднаш месечно “, рече Мајкл, чии родители не го поддржуваат во неговиот животен стил.

„Сметаме дека е одвратно и нехигиенско. Според „Сан“, тој собира и дождовница, која понекогаш ја користи за туширање, но најмногу за наводнување на цвеќе. Неговата сегашна цел е да добие сметка за вода што ќе изнесува нула.

Преземено од: vecernji.h