По негативната кампања за нашиот годинашен претставник на Изборот за песна на евровизија, Васил Гарванлиев, тој реши да појасни неколку работи во врска со промената на спотот, за наводното бугарско знаме во одредени кадри, но и за тоа дека поседува бугарски пасош. ТГпј на свјот Фејсбик профил сними кусо видео во кое вели:
-Во 1997 година моето семејство одлучи да се преселиме во Чикаго и живеевме неколку години. Кога не депортираа од Чикаго и кога се вративме, јас бев малолетен и моето смејство одлучи да направи неколку чекори за безбедност и иднина на сите нас. Баба ми, мајка на татко ми е родена во село Игралишта, во близина на Петрич и тоа ни овозможи да добиеме бугарски пасоши и го имам 20тина години. Законот во Македонија дозволува двојно државјанство. Имам живеено 10 години во Торонто, осум во Чикаго, една во Милано, една Лондон, неколку во куфер патувајки, сум пеел на светски сцени во Париз Амстердам…. За мене најгордо и најважно беше што првата реченица во мојата биографија низ цел свет беше „Македонскиот баритон Васил Гарванлиев ја започна својата кариера на седум години во својата родена земја…“. Честа, желбата одговорноста да бидеш претставник на Евровизија е огромна. Ја прифатив со отворено срце, знам каква е таа одговорност, знам што можам и со душа чекам да застанам на таа сцена и искрено да вибрирам во црвено- жолта боја, вели тој и додава:
-Поради коментарите од лани дека нема доволно Македонија во спотот, изразив голема желба годинава да вклучиме што повеќе Македонци во проектот и сум горд на тоа. И благодарам на Дита од Даут Пашин Амам, која ни дозволи да влеземе во галеријата и ја претставиме Македонија и сите тие уметници. Во моментот кога дознав дека лугето се погодени и грешка е сватено тоа дело, го сменив спотот и се тргнаа тие снимки. Интервјуто кое циркулира е од пред една година и повеќе. Во музиката нема политика, раса, нема боја, има љубов, човечштво, има енергија. Ако некој е повреден од тоа што го направив ненамерно, многу случајно, јас се извунувам од се срце. Не се извинувам затоа што сум јас, но ако имам повредено некој кој и да сте: Прости ми! За крај ве оставам со превод на рефренот на нашата македонска песна годинава: Сите ќе пробат да те скршат и соборат, без да знаат дека тоа те прави посилен, да продолжиш на патот кон успехот.Еве ме пред вас, без глума, со срушени ѕидови, а моето срце во вашите раце, рече меѓу другото Васил.